Залутав беспомошно барајќи
го патот на безизлезноста.
Трагајќи по реалното
во оваа наша нереалност
или пак можеби
само добра слика на заблудата.
Постои ли смислата
на нашето постоење?
И ако постои,
скришно ли се губи во постојаноста
на нашето живеење?
Човек си – како да не си,
една мала, небитна прашинка
која кружела, кружи и ќе кружи
засекогаш загубена во просторот и времето.
Ти што сега молчиш
и длабоко во себе
ги туткаш твоите немири,
гледаш ли колку е мала
таа наша големина?
Автор:
Милена Тасевска