Молкни зоро што болка ми носиш,
затиши ја бурата во мракот студен
или продолжи силно да ме газиш
со товарот што немилосно ми бил суден.
А потоа сонце нека огрее, а ми стопли душа.
оти умот, збор проколнат не сака да слуша.
Викни планино штом саканото ти го газат.
оти душава кревка е, треба да ја пазат.
А штом нешто на левата страна стегне,
телово крваво, за починка ќе легне.
И глас понизно да пушти не ќе умее.
оти над кревка душа нешто ќе темнее.
И никој нема да посака да чуе што е.
Затоа што потсвесно сите ќе знаат сè.
Ама да си признаат тешко ќе биде
откако секој со свои очи ќе виде.
А месечина полна штом светне силно.
душевен крик ќе запее милно.
Сите ќе слушаат, а никој да послуша
откако ќе сфатат дека замина мојава душа.
И како по навика, со плак тело ќе потопат.
но потајно со среќа, по тој пат ќе ме испратат.
А јас во рајот ќе заминам, таму полесно било,
штом ми наметнат ангелско крило.
Автор:
Александра Атанасова