Непостоење – Ирена Блажеска

Низ истишаната небиднина

Под коренот на лагата клета

Ја погледнав суровоста на далечината

Суровста на вистината

Како се преплете со тагата

Како да се налути на ерата

Како да се лизна од болката.

А јас обесхрабрена и млада

Ја подадов раката во студот

И низ локната на гревот

Дофатив само болна тишина

И душа полна самотија.

Чмаев

Секоја ноќ чмаев во недоглед

Лелекав и пискав

Со горчлив глас во душата

Гласно пискав без глас

Испуштав крик

Но никој не можеше да чуе

Испуштав и здив

Но закотвен само во недореченоста моја

Празно беше тука

Морничаво и болно беше таму

Сè во глува доба се претвори

И во немотија се оствари.

Охх…

Застанав

Не пуштив ни чекор повеќе

Сè на мене тежеше

Само го фрлив последниот поглед

Прегрнувајќи ја милостината

Која остана истуткана на скалата од жедта.

И повторно ми занеме телото како искосена булка

Ми премолчи и грлото во длабоката мисла

Сè се изгуби во реченото

Сè овена во неоствареното

Ги испратив мислите во неповрат

И се сокрив во тунелот на непостоењето.

Автор:
Ирена Блажеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?