Skip to content

Панта реи – Славица Петровиќ Тодорова

  • by

И во ноќта светлината спие,

никогаш сè така темно не е,

мракот завршува со денот што се раѓа

и најголемата мака пред радоста паѓа.

Кога душата в трепет гори,

кога разумот неразумно збори,

како трепетлика што стои во целосен мрак

небото испраќа јасен знак.

И безизлезноста излез има –

во своите пазуви мракот светлината ја прима,

таа таму спие, трпеливо го чека својот миг

за да се појави со својот најубав лик.

Панта реи, сè се менува, се тече…

по дождот сонце доаѓа,

сè се движи, не мирува,

сè проаѓа!

Автор:
Славица Петровиќ Тодорова

Напишете коментар