Не сакаме веќе да летаме на југ.
Непријатно време,
остри јазици.
Нашето мало јато
се колве самото себеси.
Ние сè повеќе летаме на запад.
Макотрпен пат
кон интелектуален живот.
Нашето уште помало јато
се претопува постепено во друго.
Автор:
Билјана Беламариќ