Сега – Лидија Трајкоска

Сè што нѝ се случува

се случува во­­­ -СЕГА-

а ние живееме се друго…

освен сегашноста.

Додека мислите нè враќаат

каде бевме вчера,

и повторно ги живееме болките                                

кои сме ги проживеале,

додека мислиме за тоа           

каде ќе сме утре,

задутре..или не е важно кога,

-се случува животот,     

она  СЕГА за кое не сме свесни.

Сè што нѝ се случило, тогаш

било  СЕГА   

сè што ќе се случи

ќе биде во СЕГА,    

А ние не сме свесни

за сегашноста,

и СЕГА го живееме

во вчера или утре.

Живееме минато и иднина

со  нашите мисли,

се враќаме назад  и

 патуваме во иднината…

а животот се случува СЕГА.

Секој миг од животот

 му припаѓа на –СЕГА-

тоа е единственото време

на кое му припаѓаме…

свесно

или несвесно.

Автор:
Лидија Трајкоска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?