Скршеното огледало – Христина Илиоска

Не не плашете се од молкот во мене

и овој длабок поглед што тоне,

помешан е тој со бес и сомнеж

сепак и јас сум човек.

Ова мало парче хартија на маса не е писмо поштално

само се обидов да го составам скршеното огледало,

та мастилото со капка крв се помешало

крваво остана и моето пенкало.

Останав така да го гледам немо

ме потсети тоа скршено огледало

дека и душата е само кршливо стакло,

а крвта во вени ќе истече еден ден како мастило,

и добро и лошо сè се заборавило

затоа јас го почитувам своето животно правило.

Автор:
Христина Илиоска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?