Откажи се од времето
и заплови во бесконечниот песочен часовник
каде ќе го видиш секое зрно,
изброи го секое и заборави го бројот,
нека удира во глава пулсот,
осети го секое отчукување
со што ќе го заборавиш претходното
и нема да мислиш на следното.
Биди присутен тука,
влези во тој вселенски транс-ритам
па да бидиш на фрекфенција на која никој не е,
каде облаците се спојуваат,
а месечината прозборува,
очните капаци стежнуваат,
а очите прогледуваат,
телото трепери
а душата пропејува.
Одлетај со мисли
нека мозокот е на патување.
Автор:
Х.Б.