Пролет – Лука Коциќ

Едно мало цветче

никнало во ретче.

Mалечко и мило

тоа волшебно било.

Прекрасен е тоа цвет

што расте во пролет,

а пчеличката од цвет на цвет

прави сладок мед.

Птиците се во лет,

дрвјата во дрворед.

Зумбули, кокичиња,

качунки, лутичиња.

Мравка на работа појде

дури во есен дома ќе дојде.

Птиците од југ се враќаат

на децата песна им праќаат.

Децата играат, се смеат

и радосно си пеат.

Радост и среќа,

плодови полна вреќа.

Цветот разлистува и цвета,

ластовицата радосно лета.

Како цела убавина на овој свет

да пристигнала оваа пролет.

Автор:
Лука Коциќ
ООУ „Блаже Конески“ Велес
III-1 одделение
Ментори:
Магдалена Камчева / Павлина Андова


close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?