Пролетна песна – Бојана Весов

Пролет дојде

сонцето силно грее

на расцутено дрво

славејче песна пее.

На зелена ливада

детски џагор се шири

некој игра со топка,

некој на кавалче свири.

Пчелките зујат

летаат спокојно, мирно,

од цвет на цвет

највкусен е пролетниот мед.

Куќичка за птици

дедо во дворот прави,

околу него трчаат

јагниња мали.

Автор:
Бојана Весов III-1 oдд
ООУ ,,Блаже Конески’’- Велес
Ментори :
Магдалена Камчева / Павлина Андова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?