Ваши дела Конкурси

Високо е

Година една две, а можеби и повеќе,

се собира тажно сè, се собра среќно сè.

Ден, поминува, еден по еден,

ниеден ни капка, ни трошка вреден.

Од една страна на оваа препрека стоиш ти,

од друга страна стои таа, твојата слика.

Двете да се видите барате прилика,

но како да се сруши оваа препрека?

Ти си сама, ти не знаеш да живееш,

не си во право, не може тоа така.

Не ми се допаѓа тоа за себе,

не, не сакам да зборувам со тебе.

Те слушав тебе, и овие зборови,

како ги кажуваш на твојата слика.

Да ја искритикуваш не губиш прилика,

се собира сè во мене, почнува невреме.

Јас сум со тебе, не заборавај,

сè може да се постигне.

Сè што правиш, правиш за себе,

јас секогаш сум тука за тебе.

Те слушав тебе и овие зборови,

како ги кажуваш на твојата слика.

Да ја поддржиш не испушташ прилика,

се собира се во мене, запира секое невреме.

Не знаев како да ве спречам,

не знаев што да ви речам.

Само слушав, и повторував во себе,

човек мора да прозбори за нешто да смени.

Високо е, извикав, високо е, превисоко е.

високо ја издигнавте оваа препрека.

Високо стојам, вашите расправии само ги бројам,

спуштете ме долу, сакам победа да издвојам.

Автор:
Катерина Наумоска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје