Заборав – Катерина Шутарова

Стојам и чувствувам како низ прсти ми се лизга животот

Како вода што не можам да ја задржам во дланките

Како ветар што не можам да го грабнам во прегратките

Тонам во празнината пред мене издлабена.

Заборавам, секогаш заборавам дека сум прикован за ова парче земја

Како котва што го голта песокот на морското дно,

Како вечен трепет од свежиот бол

Тонам во копнежот што извира од моето срце.

Изгубен сум во тебе, заробен во твојата нежност,

Како мост од пајажина исткаена од твоите зборови

Како река од сеќавања што неумоливо минува

Тонам во пепелот на сопствените желби

Понекогаш сеќавањето на среќата се губи кога крајот е болен

Понекогаш минатото е освернавено од грдата вистина

Но, постои ли среќата само ако е вечна?

Дали е болен крајот на она што за сето време било болно, иако несвесно?

Но, што е несвесната и непрепознаена болка?

Автор:
Катерина Шутарова I-2
СОУ „Богданци“ –Богданци
Ментор: Ивана Димовска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?