Skip to content

Странци

  • by

После долго време,

Неизбежно враќање ,

На истото, старо место.

Одејки по истиот пат,

Само ветрот, се сочувствуваше со мене,

Разнесувајки ја музиката во етерот.

Сладоледот што го јадевме секоја недела,

Го изгубил својот вкус.

Се искачив,

По истите, тесни, неисчистени скали.

Ме одведоа во истиот ходник па на истото место.

Се чинеше дека сè е исто,

Повторно се чувствуваше истиот мирис на малина.

Штом влегов, те забележав,

Забелжев како седиш на твоето место.

Нечујно „здраво” одекна во просторот.

Се врати? Беше неговото прашање.

Човек кој не бил присутен ,

Не би можел да знае ,

Кој бил присутен или отсутен.

Да, јас се вратив,

Но во твоите мисли не бев ни замината.

Слушајки си ги чекорите,

седнав на слободното место спроти тебе.

Бели листови, со текст испишан на нив,

Оставени на масата,

Ми го одвлекуваа вниманието.

Читајки ги првите редови,

 го идентификував мојот карактер.

Ракописот те поткажуваше за нивен автор.

Посветата остана за неискусниот актер,

Кој не можеше да се сочувствува,

Со ликот кој го оживува.

Читајки ги зборовите,

Мислите ме носеа ,

Подалеку од каде што седев.

Се прашував,

Зошто крадецот не е крадец?

И дали може да биде професионалец?

Така размислувајки,

Минутите се стопија во часови,

Времето за разделба доцнеше,

Но сепак, пристигна,

Преку истиот ходник,

Излегов од зградата.

Дождот го заменил ветрот,

Свирејќи си сопствена соната.

Природата придружувајќи го,

Личеше на апстрактна слика.

Улицата ја осветлуваше,

Светлото од собата,

Придружено од месечината.

Повторно пристигнаа прашањата.

Со кого да те заменам тебе?

Сега разбрав,

Дека за некои работи не постои замена,

Замената е една лузна  повеке.

Автор:
Шифра: „БИВГО“

Напишете коментар