Пет стихови

Желбата да се родам и да постојам

Издржала во своите намери кога

Во почетокот на првата недела од ноември

Очите ја виделе светлината на денот

Тогаш имало и сонце и бура

Вулкан од емоции

Од мене се слушнал само плач

Плач што одекнал дури до вселената

Ете, толку далеку што дури

Тогаш и вонземјаните се разбудиле

Слушајќи ја мојата песна на животот

Толку моќна

И впечатлива чиниш пее цел

Хор, а не тоа кревко бебе кое кренало востание

Одбирајќи ја моќта уште од првиот ден

Веднаш си го одредило патот

И започнало да пишува историја.

А, петте стихови изгледаат вака:

Надеж во срцето

Грутка во грлото

Оган и лед

Памук и карпа

Вечна. Бесконечна.

Н.Н

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?