Желбата да се родам и да постојам
Издржала во своите намери кога
Во почетокот на првата недела од ноември
Очите ја виделе светлината на денот
Тогаш имало и сонце и бура
Вулкан од емоции
Од мене се слушнал само плач
Плач што одекнал дури до вселената
Ете, толку далеку што дури
Тогаш и вонземјаните се разбудиле
Слушајќи ја мојата песна на животот
Толку моќна
И впечатлива чиниш пее цел хор,
а не тоа кревко бебе кое кренало востание
Одбирајќи ја моќта уште од првиот ден
Веднаш си го одредило патот
И започнало да пишува историја.
А, петте стихови изгледаат вака:
‘Надеж во срцето
Грутка во грлото
Оган и лед
Памук и карпа
Вечна. Бесконечна.’
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.