Почитувани љубители на поезијата првиот круг од најголемиот балкански онлајн натпревар за најдобра поезија – Мили Дуели официјално е започнат!
Меѓу учесниците се следниве 23 македонски автори: Сузана Николова, Рената Пенчова, Андреј Јанков, Марина Додевска, Душко Трифуновски, Наталија Наумовска, Ана Дедова, Наташа Ристеска, Наташа Цонева Лазаревска, Здравко Остојич, Катарина Јовчевска, Маја Трајковска – Тоника, Јулиана Маринковик, Милчо Мисоски, Елизабета Павлоска, Миланчо Миленкоски, Игор Поп Трајков, Светлана Лазаревска, Јадранка Клисарова, Чедмоир Шопкиќ, Божана Тренческа, Соња Тариовска Ѓурчак, Јагода Величковска.
На овој линк можете да прочитате за организацијата и правилата за првиот круг.
Официјалната фб страна кадешто ќе можете да ги читате песните од сите
учесници е следнава (доколку ви се допадне некоја песна можете да гласате за неа впишувајќи го во коментар редниот број на авторот и на тој начин ќе го поддржите за да продолжи во следниот круг каде ќе се претстави со нова песна).
Напомена: за вашиот глас да биде валиден треба да го следите официјалниот профил на Мили Дуели.
ОВДЕ можете да го проследите целосниот список на учесниците од сите земји (од Балканот и одстранство), вкупно се пријавиле 545 автори од 29 земји од цел свет, а во првиот круг учествуваат одбраните 370 автори.
Деталите за пријавувањето можете да ги прочитате овде.
Гласањето за првиот круг трае до 27.7.2019
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.