Поемо!!!

Здраво,

Велам здраво поемо

Здраво и мисло, себична!

Оставајќи ме буден во глуво доба

Играш со виугите по полноќ

Како менада пред танц

Се смееш хистерично

Дур јас, молам за сон

Сонот полека заминува

Се прикрадува зад аголот

Се губи, избледува

Немам солза да го оплачам

Здраво,

Велам здраво поемо

Ти блуднице од Енхедуана

Не ми го заробувај умот

Врати ми го сонот, изгубен

Таму, е цел свет нестварен

Свет на бесконечноста

Не сили се пред мене

Пред богот на зборот пишан

Крајот зависи од мене

Здраво…

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели