Сакавина

Да запливаме кон небото сино

И горчлива и слатка е ноќта душо

Таму, врз убавината што од сладост се лее,

Тешко се свила твојата рака

И мечовите се кршат

Едниот бел, а другиот темен

Со бесна одмазда остра се страшат.

Те гледам сакавино моја во духот!

Мечот твој острици крши

Белината твоја го застрела темниот ангел!

Го прекршуваш магливиот облак

Ме носиш кон небото сино

И знам, под небесен свод

Се луламе на небеските зраци

И нашите полни гради

Со живот и страст се сладат!

Остануваме да го дишеме светкавиот воздух

Кој се прелева во нашите коси

А нашите полуотворени зеници со блескот зрачат

За да ни кажат дека овде е вечноста наша!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?