Македонска поезија Поезија

Нов ден

Синилото стои до тебе, а јас не го гледам

Се растурило низ падините на твоите нозе

А ти го опиваш твојот нов успех

За да го прославиш неславното минато.

Ме копкаше мислата за оставените насмевки

Кои можевме да ги споделиме во врелината на ноќта.

Никогаш не го спознавме црвенилото на усните

Кои се растураат во непробојна светлина.

Сега само расне едно зеленило од тревки

Кои ја наговестуваат хармонијата во нашите животи.

Не заробува со стаклени ѕидови по кои растат бршлени

За подобро  да ги искашламе оние неискажани зборови во врелите ноќи.

Ми нудиш само мртво жолтило

А јас нежно го кријам мојот крин

Кој треба да го украсува твоето Сонце.

Нежно се распослала ноќта.

Никој не знае што ќе донесе новиот ден.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје