Skip to content

Не се предавај!

Кога мислиш дека си го достигнал дното и дека нема излез – крени глава високо и најпрво биди благодарен што постоиш. Потоа, биди благодарен за секоја ситница што ти ја носи денот. За миговите кога во тишина и мир пиеш кафе или чај, за секое зајдисонце што можеш да го видиш и доживееш. Биди благодарен што можеш секогаш да го разбудиш детето во себе и да бидеш среќен и поради најмала причина. Не се предавај никогаш бидејќи хероите никогаш не се откажале и кога им било најтешко.

Кога се почнува со промена?

Немој да се предадеш само затоа што си имал лош ден, недела, месец или година. Тоа не значи дека целиот живот ти (е) бил таков. Тоа не значи дека не можеш да направиш промена баш кога тебе ти одговара. Со промената можеш да почнеш уште во овој час, сега, одма утре или наредниот месец. Одлуката е твоја. Да повториме: ти си пилотот што го вози авионот, ти си одговорен за речиси сè што ти се случува. Кога ќе го земеш животот во свои раце и ќе го погледнеш убаво, силно викни – не се предавам!

Затоа што победниците никогаш не се откажале, иако паѓале многупати. За нив важи правилото дека секогаш станувале, после секој пад се сè посилни и поодлучни. Кога ќе научиш дека секој пораз те води поблиску до победата, и секој неуспех е само мала пречка до постигнувањето успех – ќе сфатиш зошто не вреди да се откажеш. Не се предавај, бидејќи не си роден за неуспех. Не се плаши од неуспесите, затоа што само така ќе го постигнеш тоа што си го наумил/а. Не се предавај, бидејќи среќата ги прати храбрите. Не се плаши да пробаш, не се плаши од ништо и прави го тоа што мислиш дека би те исплашило најмногу.

Кога ќе ја напуштиш комфор зоната – чуда се случуваат. Не се предавај, затоа што има нешто што можеш да му го понудиш на светот. Сите имаме нешто што ќе му го поклониме на светот.

Какви луѓе му се потребни на светот?

Бидејќи ние сме му потребни нему, ние сме светот. На светот му требаат искрени души, луѓе што сакаат правда и што гледаат нови можности во секој ден. Луѓе што можат да најдат решение речиси за секој проблем, и кои се обидуваат да гледаат на позитивната страна на нештата. Оптимизмот не смее да изумре, а ние треба да го негуваме. И во деновите кога не ти се станува од кревет, пркоси му на таквото чувство кое е деструктивно и непродуктивно – стани и подготви се, направи нешто корисно за себе. Не се предавај!

Кога ќе направиш барем една корисна работа за себе, си направил веќе нешто корисно за светот. Кога ќе направиш корисна работа за некој друг, ти си ја посадил среќата и таа почнува да се шири, и потоа се враќа во секакви форми. Не се предавај! Потребен е само еден твој мал гест за некому да му го направиш денот поубав – на пример еден топол збор кој е кажан од срце. Не се предавај затоа што најмногу си потребен на себеси, а потоа и на другите.

Дали постои нешто за коешто е предоцна?

Никогаш не е доцна да се почне одново. Не се предавај бидејќи никогаш не е прерано. Не се откажувај бидејќи е тешко, не може да биде секогаш лесно. И нема да биде – туку само ти ќе станеш посилен. Сети се колкупати си паднал, но знаеш колку е убаво кога ќе се качиш на врвот и ќе погледнеш одозгора. Видикот е прекрасен од таму, но не заборавај низ што си поминал додека си се качил на тоа место.

Не се предавај бидејќи не е како што си замислил, затоа што секогаш има план Б. Секогаш може да се најде алтернативен начин. Неуспехот не е срамен, тој значи дека си се обидувал. Ако не си успеал навреме, ќе успееш подоцна. Ти си роден за да успееш, но мора цврство да веруваш во тоа. И најмногу од сè – да не ја изгубиш вербата во себе. Не смееш самиот да се предадеш и излажеш. Дури и ако ги лажеш сите околу тебе, себе не се залажувај никогаш!

Не смееш да се откажеш никогаш! Крени ја главата горе гордо и погледни му на животот во очи. Кажи му дека го сакаш и дека си задоволен од себе и од него. Кажи му колку си благодарен што уште си тука. Дека можеш да уживаш во неговите бенефити.
Кажи му дека си подготвен за сите идни предизвици и дека си благодарен за сите претходни. Договорете се и направете заедничка спогодба. Бидејќи не си роден за да се предадеш, туку за да пробаш повторно. Не се предавај! Успесите те чекаат на другата страна од смелоста!

Напишете коментар