Ослободување – Оливера Цветковска Јанушевска

Телото се опушта,
почнува да дише секој дел од моите гради,
вдишувам зрак,
здивот благо ги полни моите сетила.

Праќам енергија до секоја пора
и почнува да живее во мене како среќа,
тоа лице прави форми на насмевка што низ космосот се разлева.

Издишувам со сета леснотија на денот
ги пуштам да заминат сеќавањата, нашите илузии.

Дел по дел телото го напушта здивот, тебе,
празнејќи го духот чиниш е некакво олеснување.

Издишувам, зрачам
А ти веќе не болиш!

Оливера Цветковска Јанушевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?