Skip to content

Творец

Горчлива напивка капка по капка проѕирно се прелева

низ ходниците на испреплетената бездна

На понорот наречен живот

Ме носи кон творецот на свесноста

Знам дека го живеам онака како тој намислил

Да го спакува светот со розови панделки сакал,

Јас моите одамна ги завиткав во проѕирна наметка

Која ја носам за да го победам несвесноста на мракот.

Две проѕирности се преплеткуваат

И несвесноста станува свесност

А јас, се припојувам со творецот.

Напишете коментар