Постои ли малку барем малку надеж
Дек Орфеј ќе засвири со својата лира?
За да посегнам повторно по својот немир
И да посакам да влезам повтор в студој грозни?
Не, не сакам да дојде таа надеж
Што не се плаши ни од завет страден;
Не, не сакам Евридика светлината да ја види
Зошто Хад лут ќе е на денот
И ќе пушти огној од своите ноздри
И Кербер ќе го проголта градот наш
Ќе паднеме сите в жештини грозни
И надежда ќе се згасне за сите лета.
Можеби Персефона ќе се појави
Па ќе ја дочекаме пролетта
И ќе се повтори надежта
Та не ќе мора Орфеј да засвири на својта лира
И ќе ја ставам на прагот моќната Хеката
Да ме чува од духови лоши
За да се здружи со Персефона
И заедно ќе ја слават
Веселата пролет.
Пандоро, ти ќе излезеш од зелената кора
И ќе ја зачуваш надежта во кутијата своја
И оваа надеж нема да носи немир
Ќе ме носи по патишта светли
Затоа што тебе Зевс ќупот со благослови ти го дари
А надежта е доволен благослов
За живот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.