Конкурс за наградата „Даница Ручигај“

Друштвото‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬писатели‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬Македонија‭ ‬ распишува‭ ‬ ‭ ‬Конкурс‭ ‬ ‭ ‬за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена- писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај 2018 до крај на октомври годинава. Книгите во еден примерок треба да се достават во просториите на ДПМ најдоцна до 10 ноември 2019 г., секој работен ден меѓу 9 и 12 часот, или по пошта, на адреса: ДПМ, ул. „Максим Горки“, бр.18, 1000 Скопје.

Изборот ќе го‭ ‬ ‭ ‬изврши‭ ‬ ‭ ‬писател-селектор,‭ ‬ ‭ ‬а‭ ‬ ‭ ‬ќе‭ ‬ ‭ ‬го‭ ‬ ‭ ‬потврди‭ ‬ претседателството‭ ‬ ‭ ‬на асоцијацијата.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост‭ ‬ ‭ ‬во‭ ‬ ‭ ‬Друштвото‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬писатели‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬Македонија.‭ ‬ ‭ ‬Со‭ ‬ ‭ ‬оваа‭ ‬ ‭ ‬награда‭ ‬ ‭ ‬се поттикнува‭ ‬ ‭ ‬поетското‭ ‬ творештво‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬жените-писатели‭ ‬ ‭ ‬и‭ ‬ ‭ ‬се ‭ ‬возобновува споменот‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬македонска‭та ‬ ‭ ‬поетеса‭ ‬ ‭ ‬Даница‭ ‬ ‭ ‬Ручигај која трагично го загуби во скопскиот земјотрес на 29 годишна возраст.

Извор

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?