Еден ден се навјаснале облаците да го покријат мојот пламен
Истуриле дожд врз огнот кој гори и ја прекопува мојата душа
И го напрскале жарот кој тлее
Кај мене не е веќе суша.
Ох, облаци мои благородни
Ми носите само дождој новородни
Кажете има ли нови огној
Кои ќе впламнат во нови бојој?
Зарем овој живот да не е огнен
Да не тлее нит трошка надеж
Дека ќе се изроди некој нов пламен
Кој нема да биде срамен?
Пламенот кој сино гори
Кој не ги пали зелените гори
Кој во небесен храм
Секој ден секоја зора ја зори.
Само таков пламен на Бога е рамен
И не се смета за срамен
Кој гори на небеса сина
А не во темна дувла каде се збрала голема вина.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.