Ѕвезда

Сите чекорат кон Тебе.

Ја чувствувам пустинската штама.

Одот на камилите е тивок, бавен

Но, го знаат вистинскиот пат.

Секогаш.

Ги намирисуваат новите раѓања,

Изворите во оазите,

Им пркосат на искушенијата

На пустинскиот ветар

Безгласно го носат јаремот на тешката тишина

Само за да те сретнат Тебе.

Ти, ти го знаеш товарот.

Знаеш дека секоја средба носи среќа.

Ако е за ново Раѓање.

Таа не бара да се симне товарот.

Се наведнувам пред твојот поглед

И го чекам твојот Благослов.

Ѕвездата што падна ќе

Ми донесе Живот.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?