Skip to content

На денешен ден е роден Блаже Конески

На денешен ден во 1921 г. бил роден Блаже Конески – прв претседател на МАНУ, академик, поет, прозаист, есеист, филолог, јазичар, книжевен историчар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност. Починал на 7-ми декември, 1993 г. На денешен ден се одбележува 98 годишнина од неговото раѓање.
Во негова чест денеска споделуваме неколку негови песни. Никогаш да не се заборават ликот и делото на овој важен човек во македонската културна историја!

Бура

Колку ненадно иде бурата.
В поле се мрачи, разлава ветар буен.
Демнеме. Сега прва молна ќе светне,
во нас ќе запали силен гнев.
Грмовни тонови, груби, искинати,
и настрвени како душите што ни се
дека во крвје тонеме.
А дали ќе можеш и тивка песна да зачуеш,
како цвет на гради стиснат,
сон, оти смевнато девојче ќе видиш,
како човечкото во тебе да плаче –
дали ќе можеш?

Љубов

Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам – се ледам.
Што младоста во темен неврат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам!
Сум сакал, сега цибрина ме свила,
не иди, љубов, жалосна би била.

Спомен

Не да те гонам како итра срна,
не како галаба в рака да те земам –
јас ќе те кријам во моево срце
како во гнездо ластовица скрита,
јас ќе те чувам како таен спомен
со ужас дека те заборавам.

Песна

О пеј ми, пеј ми!
Каква песна!
За едно пее
за друго збори:
„Се што си рекол,
се што си сторил,
случајно не е,
простено не е.”

Шум

Почини, немирна душо,
не блуди в приквечер бледна,
во есенска.
Листот е попаднат веќе,
и ако шум се слуша,
шум е од тага една,
од есенска.

Напишете коментар