Skip to content

Ноќ

Ноќ што нема да се случи
Од огнот што не се разгорува
Ќе се стори пепел.
Ноќ во која сонот не стига
Она што те држи буден
Ќе те поседува.
Ноќ што ќе ја паметиш
Онаа една неповторлива
Ќе сакаш да ти се случи.
Не сме создадени за таква
Оладени и будни,
Ќе сонуваме разделени.
Шепотот на старата песна
Толку гласен е,
Од далеку се слуша
Носи
Еден куп спомени.
Молкот струи во воздухот
Атомите во него се борат
Дали ќе вреди борбата?
Ако се бориш веќе
Си победил
Евентуално си губитник
Само ако се откажеш.
Лицето го допираш на перница
Утрото секогаш ќе те
Чека
И нов ден пак ќе се роди.

Н.Н

Напишете коментар