Поглед

Ми прсна стаклениот поглед кога те видов.

Се разбистри небото и сонцето

Се појави од помрачените одаи на несвесното.

Ми се распрска срцето штом те видов.

Имаше црвени стаклени парченца

На подот од воздух

И почнав да газам за да ги вратам

За да ми влезат под кожата

Да навлезат во крвта

Да стигнат до срцето

А  ти,

Ти седеше на каменот од времето

Беше цела сегашност, минато и иднина

Облеана во крв

Ставен беше во прозрачен облак

Но, го виде мојот поглед

Иако помрачен од времето

Иако трепките ти беа замрзнати во сегашноста

Иако гласот ти извикуваше еха од минатото

А погледот ти гледаше напред во иднината.

Се сретнаа времето и безвремието кога те видов.

Зошто без да знаеш ме погледна

А јас те погледав со знаност

Дека твојот и мојот поглед нема никогаш да се разделат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?