Skip to content

20-20

Сè се пробуди со првиот здив на желбата за подобро денес. Додека очните капаци се отвараат, сетилата заиграа. Бавно, ноншалантно се довлеков до порзорецот. Тој, со полуотворени венецијанер се обидуваше да вдахне светлина во моето дувло. Кучето сè уште спие на поголемата половина од мојот кревет, нè обрнувајќи внимание на мојот чекор за првиот зрак светлина. Пропуштени повици се беа наредиле на телефонот од еден ист број. Но пред се сѐ насмевнувам на денот и размислувам за вчера до денес. За тоа како би било поинтересно безбојниот ден да биде сепија обоен, облаците зелени, и се така обратно во ова сиво време. На луѓе кои брзаат, кои немаат време за Здраво и Чао. Немаат време за Насмевка и Љубов. Вдишувам со поглед кон пропуштениот повик на момент замислен издишувам дур се наежувам со помислата за…

  Нешто ме сецна, го растрепери ритамот на срцето, и повторно сум пред прозорецот. Овој пат денот обоен го гледам во други бои. Бројот сè уште стои како пропуштен повик, но замаглен е и овој пат. Се присетувам на сонот во сонот кој го сонувам. Здивот е друг, со невина чистота продира во плуќата и умот. Дур повторно го погледнувам телефонот. Бројот се разбистри со два идентични броеви еден до друг, 20-20. Пред да се разбудам си ветив, да продолжам светот да го бојам на јаве како во сонот. На она кое поминало при минатите повици…, да одговарам со нов тон, поспокоен и посмел. Дур минутите одбројуваат ќе говорам во името на слободата, љубовта и насмевката. За животот кој следи…

Напишете коментар