Културни настани

Од утре „Кулитерација“ во етер на Радио МОФ

„Кулитерација“ е најновата емисија што ќе се емитува на Радио МОФ. Станува збор за емисија од едукативен и информативен карактер посветена на литературата, културата, поетски манифестации и конкурси, рециталии, поезија, проза и сè друго што ќе ви падне на памет кога ќе помислите на „пишан збор“.
Решивме да бидеме гласни и сакаме нашиот глас да можете да го чуете и во оваа форма. Авторите од овој блог стојат зад емисијата, а утре во првото поглавје ќе ве воведат Викторија и Наталија.

Сакаме да го збогатиме интернет просторот со нешто ново, оригинално и сметаме дека емисијата од овој тип е многу потребна.
За што станува збор и кои се нашите цели ќе можете да чуете утре четврток во 18 и 30 часот на Радио МОФ.
Таму ќе Ви соопштиме подетално за што се работи, и се надеваме дека ќе наидеме на позитивни реакции од ваша страна.

Значи не заборавајте да нè слушате утре во 18 и 30 на интернет радиото на Младински Образовен Форум!

Пишуваме, читаме и се слушаме!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје