Skip to content

Месечина

Кога надоаѓа дождот не прашува

Сончевата светлина ги прекршува своите зраци

Срамежливо криејќи се под облаците додека не посака

Да го покаже гордо својот сјај.

Месечината како да го впила сонцето во себе

Само малку,

Но, ти, ти ја сакаш цела негова светлина.

Поголем си од месечина,

Но, не можеш да го достигнеш сонцето.

Тоa те носи насекаде, а ти како мало кученце го

Следиш неговиот сјај.

Јас труникаво светам

Бледникаво живеам

Замаглено гледам

И понекогаш зацрвенувам како месечинка која

Од време на време се бори со ветрот

И со сеништата кои ја опкружуваат

Но не можат да видат дека се распламтува

Кога ја допираат и сакаат да вртат посилно од сонцето.

И трошка светлина пламти повеќе од сонце

Кога разлутено гори

И излегува од темнината

За да успее да преживее

Во светот на сеништата.

Напишете коментар