Како да ја активирате моќта на универзумот за да ви се исполнат желбите?

Дали во текот на некои животни ситуации имате чувство дека универзумот ви свртел грб? Понекогаш даровите на животот како да ни паѓаат од небо, сè оди според планот и сме задоволни, а понекогаш мислиме дека универзумот целосно нè заборавил.

Колку и да не ја чувствуваме неговата моќ тој секогаш си ја работи својата работа и порачува – сè во свое време!

Секој од нас посакува единствен живот по мерка или проблемите да се решат на одреден начин. Поради тоа се надеваме, се молиме и очекуваме дека сè ќе биде онака како што сме планирале. Меѓутоа, универзумот често не ни ги дава оние работи кои толку ги посакуваме. Зошто е тоа така?

Двете различни спротивности на истиот континуум

Запомнете тој не ги исполнува вистинските желби туку во вистински момент ни го дава она што ни е навистина потребно. Честопати она што го сакате и она што ви е навистина потребно може да бидат две целосно различни нешта. Исто така, понекогаш она што го сакате и не е баш најдобра опција за вас. Затоа дозволете му на универзумот да ви го даде она што ви е потребно. Тој најчесто дарува исцелителна енергија, нешто што целосно нè “закрепнува“ и обновува. Понекогаш едноставно треба да се опуштите и да ги оставите работите да течат по својот пат. Со своите постапки и зборови ја предизвикувате кармата и самите си го “блокирате“ успехот.

Важно е да се цели кон своите соништа и цели, но замислете што ќе се случи ако сите тие се остварат? Најверојатно ќе се чувствувате празно и нецелосно. Затоа исто така е важно секогаш на списокот со желби да додадете нови стремежи и амбиции. Тоа не значи дека треба да се пати и напорно да се работи за списокот со желби да биде целосно „исчистен“, туку понекогаш да се опуштите и да дозволите животот и универзумот да го направат она што е потребно. Наместо да бидете тажни поради работите што не ви се оствариле подобро научете да бидете благодарни за сè што имате. И за сè што ќе дојде во иднина ако му дозволите на универзумот да си ја работи својата работа.

Ова не значи дека треба да бидете пасивни посматрачи и да чекате да се случуваат чуда сами од себе туку дека треба цврсто да верувате во својата цел, во своите желби и да бидете силно убедени дека тие можат да се исполнат. Сè она што можете да го замислите – можете и да го остварите!

 
close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!