Својата апсолутна вредност ја откриваме дури тогаш кога сме духовно разбудени. Кога ќе доживеете духовно будење ќе почувствувате дека големи промени продираат длабоко во деловите од вашето битие и ќе ви се чини дека ве движи некоја голема животна сила којашто досега не сте ја почувствувале. Следниве знаци укажуваат на духовно будење.
1. Често сонувате
Интензивни, необични, живи и динамични сонови можат да бидат знак дека вашата душа се разбудила. Преку соништата можете да примате важни пораки, но и да се ослободите од стресовите, стравот и напнатоста. Што и да се појави во вашиот сон, прифатете го како начин на чистење на енергијата и комуницирање со универзумот.
2. Некои луѓе исчезнуваат од вашиот живот
Со некои луѓе губите конекција, ја откривате нивната мрачна страна и полека се оддалечувате од нив. Нивното место наскоро ќе го заземат луѓе со кои ќе имате заеднички ставови, радости и заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.
3. Чувствувате големена потреба за медитација и мир
Потешко ја поднесувате буката и потребни ви е да си посветувате себеси повеќе време. Свесни сте за сите ваши постапки и сакате да размислувате за животот и насоките во кои се развива. Се трудите да бидете подобри и да бидете дел од оние што допринесуваат за општото добро. Во пронаоѓање мир и емотивна рамнотежа најмногу ви помага медитацијата.
4. Вашите стравови исчезнуваат
Стравовите кои најмногу ве вознемируваат сега конечно исчезнуваат. Ризикувате и ги правите работите што ве исполнуваат, а претходно немавте храброст да ги пробате истите. Подготвени сте да ја зборувате вистината, не ве плаши туѓото мислење и се чувствувате слободно. Од друга страна, старите стравови се заменети со нови бидејќи тоа е дел од човечката природа. Сепак вие со нив се соочувате храбро и подготвени сте да работите на нивно ослободување.
5. Имате нова искра живот
Во вас се појавува нова искра живот. Искра која сака нов начин на живот и радост. Имате желба да дадете сè од себе и да си помогнете и себеси и на светот.
6. Негувате блажено чувство на љубов
Чувствувате необјаснив бран љубов кон себе и кон сè околу вас: кон луѓето, животните, билките и ѕвездите на небо. Гледате убавина во сè што ве опкружува и ја чувствувате силата на љубовта.
Дознајте и како да ја активирате моќта на универзумот за да ви се исполнат желбите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.