Skip to content

Здружението ,,Златно перо“ од Битола организира литературен награден конкурс

Во чест на роденденот на Данскиот автор на книги за деца, Ханс Кристијан Андерсен, 2 април се празнува како светски ден на детската литература. Здружението за наука култура и литература,,Златно перо“- Битола, организира награден конкурс.


По повод 2-ри април светскиот ден на литература за деца Здружението ,,Златно перо “- Битола организира награден конкурс ,,Мали ѕвездички“ (поезија за ученици од сите основни школи во Р.С.Македонија).
Проектот е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

  • Секој ученик има право на една песна, напишано во word dok. Times New Roman font 12 со кирилична поддршка.
  • Темата е слободна.
  • Песните да бидат потпишани со име презиме училиште и град, и истите да бидат лекторирани и потпишани од менторот.
  • Ракописите да се испраќаат на e-mail: [email protected].
  • Конкурсот трае од 15.02 до 15.03.2020 год.

По разгледувањето на песните ќе истакнеме список на учесниците во конкурсот од кои првите три песни ќе бидат наградени. Книгата ќе биде издадена во печатена верзија и секој ученик добива по еден примерок, доставен по пошта на домашна адреса. Целта е популаризација на квалитетна литература за деца и подигнување на свеста за нејзината важност во целокупниот процес на раст и развој на децата. Истакнување на местото на книгите во интелектуалниот и емотивниот развој кај младите. Идејата е конкурсот да прерасне во традиција и да се позицира на мапата на републички конкурси посветени на литературата. – пишува во соопштението од здружението.

Напишете коментар