Што сум? Кој сум? – Сергеј Есенин

Споделуваме една прекрасна песна полна со емоции од рускиот поет Сергеј Есенин.

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чијшто поглед гасне во магла и мемла

Живеев, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.

И тебе те љубам, сега, по навика дете

Зашто пред тебе многу љубев болејќи

Ко што цигара палам по навика ете

Ти зборувам и шептам за љубов трептејќи.

„Засекогаш“, и „љубена“ и „ќе те помнам довек…“

А душата пустош иста ја обзема

Ако со страст допреш срце на човек

Вистина, без сомнеж, да пронајдеш нема.

Па душата моја веќе не знае за ежа

На одбиени желби, неразбрана тага

Ти си моја вита, леснонога бреза

Створена за мене и на други драга.

Но тражејќи така сродна една душа

Врзан против желби, тонам в сета болна

Никогаш со љубомора нема да те здушам

Никогаш да те обвинам нема ниту колнам.

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чијшто поглед гасне во магла и мемла

И те сакам, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!