Skip to content

Постојка

  • by

Небиднини нѐ чекаа на постојката

А ти, ми префрлаше за парфемот кој сум го утнал

Додека Вардар миризливо тече

Уживај во него, во мирисот опоен, кафен

Барем тој мириса поубаво од мене

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Додека ѓоновите ми отпаѓаа, се одлепуваа

Те носев на раце, дур плочките поткрцнуваа

Врати се па намести ги сега да те видам

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Дур крадев каранфили за тебе

Ти уживаше во нив, јас пак се криев

Се криев и пцуев по љубовта

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Дур твојте зборови ме гушеа

Како што се гушеше со рафаелото

Кои ти ги купив за роденденот

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Седнати двамата во кинескиот ресторан

Додека двајцата се обидувавме залудно

Да јадеме супа со кинески стапчиња

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Ти лута, вриеше како експрес лонец

Дур јас потсвирнував на песната која ја мразиш

Редоследно ти ја пеев во серенада стил

Додека не почувствував како боли шамарот твој

Небиднини нѐ чекаа на постојката

Додека ти лезетски спиеше во шаторот со другарките

Јас пак пцуев по џентлменството тресејќи се на -10c

Склупчен околу огнот мрзелив

Небиднини нѐ чекаа на постојката

И никогаш не нѐ дочекаа…

Напишете коментар