Букви

Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик и со вас ја споделувам мојата песна „Букви“.

Пишувам на оние букви кои ги здогледав за првпат

Во мајчината рака

Кои се протегаа до страницата на животот

Кои го надминаа светлото на денот

За да преминат во царството на ноќта

И повторно да родат

Да се раѓаат секој ден

Со моето перо

Зошто она што е напишано нема никогаш да се избриши

Останува да биде сведок на постоењето

Сведок на битисувањето

Сведок на суштествувањето

Сведок на дишењето

Сведок на едни спомени

Кои ќе патуваат во недоглед.

Зарем некој може да го избриши?

Мастилото е поцрно од самата смрт.

Побело од самата хартија.

Поцрвено од крвта пролеана

На оние кои зборот им останал недоречен.

Посино од небото на кое

Ќе се изгубам на хоризонтот.

Појако од мене

И поголемо од мојот живот.

Затоа пишувам ,

Пишувам, пишувам

Буквите на мојот јазик

Да останат вечен спомен

За моето постоење.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!