Нашето ментално здравје заедно со физичкото би требало да ни биде на прво место. Нашите емоции влијаат на сите аспекти од животот: од работа, пријателски односи, па сè до односот со партнерот. За менталното здравје треба да се грижиме активно, а барањето помош е еден од знаците дека го препознаваме проблемот и дека сакаме да го решиме.
Што е психотерапија?
Според законот за делувањето на психотерапија, таа е третман на проблеми од емоционална природа по психолошки пат во кој едуцирана особа намерно воспоставува професионален терапевтски однос и употребува стручни постапки. Со цел отстранување, модификување или ублажување на интензитетот на постоечки психички симптоми/потешкотии. Со цел промена на нарушени шеми на однесување и поттикнување позитивен развој на личноста на децата, адолесцентите и возрасните луѓе.
Тоа опфаќа психотерапија која што подразбира воспоставување терапевтски однос поради постигнување позитивна промена. Промена во смисла на менување на обрасци на однесување и реагирања воспоставувајќи врска со несвесните мотиви, мисли и чувства. Советување кое подразбира воспоставување терапевтски однос чијашто цел е да се преработуваат актуелните потешкотии за пронаоѓање најдобро решение во склад со потребите на индивидуата во советувањето.
Кој е психотерапевт?
Психотерапевт е оној кој ги спроведува тие постапки, а тоа може да биде некој кој има завршено дипломски студи од областа на медицината, психологијата, социјалната работа и едукативна рехабилитација, социјална педагогија, педагогија и логопедија со дополнителна неколкугодишна обука и стекнување лиценца за работа во областа.
Зошто за психотерапијата сè уште се говори со страв и/или потсмев?
Иако станува збор за високообразовани стручњаци кои се едуцираат во текот на целата кариера и луѓе на кои навистина можеме да имаме доверба, во нашето поднебје одењето кај специјалист за ментално здравје се доживува како нешто „чудно“, „ненормално“. Со еден збор како табу тема. Три стручњаци одговараат на ова прашање: Мартина Ковачиќ, Катарина Леватиќ и Вања Првуловиќ.
Психологот Мартина Ковачиќ вели дека треба да се биде внимателен во слушањето совети од различни „животни тренери“ со кои светот е полн, па ги има и во нашиот регион (Хрватска и Македонија во конкретниов случај).
Во морето од „совети“ кои велат дека треба да се размислува само позитивно или да се „вибрира“, менталните нарушувања или други психички кризи се интерпретираат како сопствена слабост и неспособност. Мозокот е единствениот орган и дел од телото кој нема право на боледување“, истакнува.
Зошто е табу тема посетувањето психотерапевт?
Психологот и психотерапевт Катарина Леватиќ е свесна дека разговорот за оваа тема сè уште е табу во нашето општество (се мисли на Хрватска). Присутни се и бројни неточни информации за целиот процес. „Многумина веруваат дека ќе бидат осудувани или одбиени од другите ако дознаат дека посетуваат психотерапевт“. Некои луѓе не веруваат дека со разговор може да се промени нешто. Или се сомневаат дека некој непознат може да знае нешто што би им помогнало. Кај други постои уверување дека животот е тежок, дека страдањето е нормална состојба, па затоа не бараат помош“, вели таа.
Воопшто помага ни тоа што јавно експонираните индивидуи на социјалните мрежи и во медиумите намерно наметнуваат нереална слика на вечен оптимизам, благодарност и размислувања само за убавата страна на животот. Со ова се согласува и психологот, гешталт психотерапевт и тренер по невролистичко програмирање Вања Првуловиќ. Постојат ограничувачки уверенија во нашата култура. За тоа колку е важно да се биде силен, самостоен. И дека работата на менталното здравје на некој начин претставува неуспех. Слично е со ограничувачките уверувања. Се милси дека на психотерапија се оди кога „ќе ги изгубиш нервите“ со тоа што терапијата е јавно „признание“ за тоа.
Овие и слични уверувања ја перципираат психотерапија како негативна. Помал е бројот на луѓе кои се занимаваат со активна грижа за физичкото здравје, а уште помалку за менталното. Ако се занимаваат со здравјето тоа е во ситуации кога тоа е веќе нарушено, а не се превенира. Потребно е да се работи на освестување на јавноста за важноста на грижата за себе низ обрнување внимание на својата ментална и физичка добросостојба“, вели Вања.
Работата на себе не е знак за неуспех – затоа е исклучително важно да се побара психолошка помош
Леватиќ советува тоа да биде уште кога проблемот е мал и не е премногу комплициран. Никако не би советувала да се чека кога „водата ви е до грло“ бидејќи тогаш проблемот потешко се решава и тој процес трае многу подолго. За жал, многу луѓе дури тек тогаш се одлучуваат да побараат помош, кога се веќе пред психички слом и кога ситуацијата е веќе сложена. Помош од психотерапевт е добро да се побара кога ќе почувствувате дека не сте задоволни и среќни во своите односи. Без оглед дали се работи за партнерски однос, родителски или пријателски помошта треба да се побара.
На психотерапија клиентот учи како ефикасно да ги задоволува своите потреби и како да создава квалитетни односи. Дури и ако не се побара помош во раната фаза од развојот на проблемот, тоа треба да се направи подоцна. Во моментите кога чувствуваме дека се загрозуваме себе или луѓето во нашата околина. Психологот Првуловиќ истакнува дека помошта најчесто се бара кога луѓето чувствуваат дека повеќе не можат сами.
Кога луѓето бараат помош?
Луѓето бараат помош откако веќе ги пробале сите останати начини на поддршка. Кога според нив им е потребен брз излез од моменталната состојба и нарушување. Без оглед дали се работи за панични напади, анксиозност, депресивност или нарушени меѓучовечки односи. Таа состојба може да води до разочарување од психотерапевтскиот процес бидејќи не го добиваат очекуваното и мислат дека тоа сепак не е корисно“. Многу е важно на психотерапијата да се гледа како на дел од животот. Прилика за создавање најдобра верзија од себеси. Кога ја гледаме како свесен избор за работа на себе, запознавање и јакнење на свесноста т.е. контактот со самите себе, тогаш таа е процес кој трае, се менува и обликува спрема она што се случува со клиентот во тој момент од животот.
Со тоа психотерапијата станува дел од грижата за здравјето, како што е одењето во теретана или на систематски прегледи, заклучува Првуловиќ. Ако чувствувате дека поради која било причина ви треба стручна помош секако обратете се кај вашиот личен лекар. Тој ќе ве упати кај специјалисти (приватни или во склоп со државните болници) што ќе ви помогнат да го решите вашиот проблем. Немојте да чекате проблемот да ескалира.
Грижете се за вашето ментално и физичко здравје, чувајте ги и спречете појава на нарушувања!
Прочитајте и што претставува психологијата!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.