Буда се откажал од сè и почнал да патува. Главното учење според него е: „За да има радост мора да има болка. Самото откажување од задоволствата води во целосен мир“. Во текот на 45 години од своето работење и проповедање, тој подучувал мажи и жени, царови и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Тој не ги признавал различностите според социјалната состојба или според класата на народот и патот што тој го проповедал бил отворен за сите луѓе, кои биле способни да го разберат и следат. Прочитајте ги следниве 8 прашања за кои Буда имал многу мудри одговори.
1. Кој меч е најостар?
– Зборови полни со бес и гнев.
2. Кој отров е најсмртоносен?
– Лакомост и алчност.
3. Кој е најголем пожар?
– Омразата.
4. Која најголемата добивка?
– Давањето.
5. Кој е најголем губиток?
– Добивање разни богатства во животот, а притоа да не се биде благодарен.
6. Кое оружје е најдобро?
– Мудрост.
7. Што предизвикува прекин на пријателството?
– Завист и себичност.
8. Кое е најголемо задоволство?
– Моментот кога ќе сфатите дека повторно сте се разбудиле.
Прочитајте ги следниве 10 прашања од кои сите можеме да извлечеме поука.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.