Додека постои радост во срцето постои и причина да се живее, но понекогаш околностите го кршат човекот и тој на моменти ја губи радоста. Но, животот ни сервира потешкотии и препреки сè додека не го скрши отпорот во нас. Сè додека не нè натера да научиме да се прифатиме себеси какви што сме, да прифатиме сè што доаѓа и сè што ќе дојде.
И се набљудуваш себеси гледаш како животот си игра со тебе. Посматраш како сè се руши, се распаѓа, исчезнува, гордоста, достоинството. Како исчезнува суетата, љубомората, омразата, и отпорот кон сè.
По патот додека сè исчезнува постепено прифаќаме сè, губиме некои делови од себе, а откриваме некои нови. Како да стануваме имуни на сè, се одрекнуваме од сè, но повторно се раѓаме. Сè што некогаш сме вреднувале сега губи вредност во нашите очи и во нашите срца. Сега веќе ништо не мораме, можеме, но и не мораме, одбираме да го правиме она што сакаме, да мислиме она што сакаме, одбираме да се чувствуваме убаво.
Пуштаме да се движат работите по својот тек, ги прифаќаме луѓето какви што се, не менуваме никого. Во сето тоа добиваме нешто целосно ново, добиваме свесност и мир. Таа свеснсот и будност му даваат на мирот некој посебен тон, ја гледаме длабочината, гледаме многу, но не нè допира.
Гледаме туѓи погледи насочени кон нас, а туѓите мисли упатени до нас воопшто не нè погаѓаат бидејќи колку што е суштината поплитка тие мисли стануваат површни. Некои мисли стануваат гласни, а некои сосема тивки, луѓето се окупирани со непотребни мисли, тие ги исцрпуваат до изнемоштеност. Сфаќаме дека сме морале да поминеме низ сè само за да стигнеме до себе бидејќи тоа било неопходно. Патењето и болката биле драгоцени, низ нив сме виделе тоа што требало да видиме.
Тогаш станувате благодарни бидејќи тогаш ја запознавате вистинската природа на нештата и сфаќате дека тие се случуваат со причина. Не е потребно ничие објаснување ниту потврда, но не се затворате за комуникација, отворен сте секогаш, но вистината во себе ја препознавате.
И му се радувате на животот бидејќи има проклето толку добри причини да го правите тоа. Не треба да се случува којзнае што за да бидете радосни. Доволно е да ве радува помислата дека утре можете да уживате во шолја кафе или во прошетка со вашето милениче. Или да се радувате на средбата со вашите најблиски што не сте ги виделе подолго време. Не треба многу за среќа, но треба широко срце и отворен ум. Раширете го срцето и во него пуштете ги само позитивните вибрации, направете им место на луѓето што ги сакате и простор за нови кои ве сакаат. Радувајте се и сакајте се!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.