Skip to content

Стариот добар Блуз

  • by

Одев на исти места
Пеев иста песна
Дури и блузот беше ист
Како начкрабан на лист
Исти очи зависни
Познати усти пасивни
Збореа за тој валкан
Блуз
Прво кафе утринско
Последно виски вечерно
Помеѓу ме води стариот добар
Блуз
И времиња ќе поминат
И пура ќе догори
Пепелта ќе одлета со бис
Дур рапави емоции беа виц
Пропуштени неважни повици
Испишани поеми на страници
Јас тапкав во ритам напред
До следното светло зелено
Додека ти, го презираше тој стар добар
Блуззз

Напишете коментар