Фотографија

Во шталата ме донесе една

Црно – бела фотографија

Која не успеале да ја скријат

Спомените на времето

И стигнав до неа.

Сѐ се беше испустило

Го немаше ни мирисот

На ождребените кобили

Ни лик на сликата.

Луѓево сѐ беа изгубиле

Но остана еден бел призрак

Кој го наговестуваше моето доаѓање.

Влегов.

Навлегов во темен облак со бели зраци.

Ми подаваа раце да ме дофатат

Но јас стоев како камен

Кој не го чувствува нивниот допир.

И сега не ги чувствувам.

Само сликата останала во мене.

Ги нема призраците.

Таа е црно – бела

А јас се обидувам да и дадам

Обоен лик.

Но, не можам.

Она што станало црно – бело

Никогаш не добило повторно боја.

Ја носам сликата,

Во мене.

Она што го носиме таму,

Никогаш не го покажуваме.

Го криеме за да остане онаму

Каде почиваат предците.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?