Skip to content

Мајчин јазик – Ѓорѓо Димовски

Ѓорѓо Димовски е македонски поет за деца и возрасни, есеист, преведувач. Основач е на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, а бил и претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Автор е на повеќе од петнаесет книги поезија. Ви ја претставуваме неговата песна посветена на мајчиниот јазик.

Мајчин јазик

И ти си цицал
Млеко мајчино
Од мајчиниот јазик.

Си цицал? Од јазикот
Што се молзе
Во златна чинија
И се принесува
На трпеза.

Господине Пишувачу. (Млад?)
Додека цицаш

Само тој ја троши храната
На бојното поле
За тебе. Ноќе и дење.

Дење и ноќе.

Извор

Напишете коментар