Skip to content

Јанис Рицос – Заедничка сопственост

Споделуваме песна од грчкиот поет Јанис Рицос, лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1985 година, поет кој се смета за еден од најголемите четири грчки поети на 20 век.

ЗАЕДНИЧКА СОПСТВЕНОСТ

Едно дете леб јаде врз карпата, гледајќи зад планините.
Јадицата на својата сенка врз црвен покрив
ја фрла една птица
Рибарот својата јадица во морето ја втопи.
Ловецот накај шумата пушката ја впери.

Сите го чекаат пленот – секој својот
за да ги заменат своите плодови, утре-задутре,
прекрасни во светлината, вредни и доблесни,
и среќни поради скромноста на нивната добродетел.

Под самотното дрво на брегот, бремената испотена стомна
водата ја лади; и нејзината широка уста,
што е затната со една шишарка, мириса осветена од усните
на поетите, на дрварите и на рибарите кои ја бакнале.

(препев Анте Поповски)

Напишете коментар