Мисли и цитати Мотивација Општо

35 мисли од Мартин Лутер Кинг кои ќе ве инспирираат

Мартин Лутер Кинг Јуниор (15 јануари 1929 – 4 април 1968) — афроамерикански баптистички свештеник, борец за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир. Тој е еден од најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството, а многу луѓе ширум светот го почитуваат како херој, миротворец и маченик.

  1. „Можеби сите дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во истиот брод.“
  2. „Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.“
  3. „Луѓето не се согласуваат бидејќи се плашат едни од други; се плашат едни од други бидејќи не се познаваат едни со други; не се познаваат едни со други бидејќи не општеле едни со други.“
  4. „Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта.“
  5. „Никогаш не подлегнувајте на искушението на огорченоста.“
  6. „Верба е кога не се плашиме да го направиме првиот чекор, иако не го гледаме целото скалиште.“
  7. „Темнината не може да ја истера темнината; само светлината го може тоа. Омразата не може да ја истера омразата; само љубовта го може тоа.“
  8. „Јас имам сон дека еден ден малите црни момчиња и девојчиња ќе се држат за раце со малите бели момчиња и девојчиња.“
  9. „Ниедна личност нема право да носи дожд врз вашите соништа.“
  10. „Не дозволувајте никој да ве повлече толку ниско да го намразите.“
  11. „Нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат.“
  12. „Мислам дека има и крајна причина зошто Исус вели: „Сакај ги своите непријатели“. Тоа е ова: љубовта во себе има искупувачка моќ/. И има моќ која на крајот ги трансформира поединците. Едноставно продолжете да се однесувате пријателски кон таа личност, едноставно продолжете да ги сакате, и тие нема да издржат уште долго. О, на почетокот ќе реагираат на најразлични начини. Реагираат со чувства на вина, а понекогаш во тој преоден период ќе ве мразат уште повеќе, но сепак продолжете да ги сакате. И со моќта на вашата љубов тие ќе се скршат под нивниот товар. Тоа е љубовта, гледате. Таа искупува, и токму затоа Исус вели „сакајте“. Има нешто во врска со љубовта што е креативно и што се надоградува. Има нешто во врска со омразата што урива и е деструктивно. Затоа, сакајте ги вашите непријатели.“
  13.  „Интелегенција и карактер – тоа е целта на вистинското образование.“
  14. „Тие кои не ја бараат среќата најчесто ја наоѓаат, бидејќи тие што ја бараат забораваат дека најсигурниот начин да бидат среќни е да бараат среќа за другите.“
  15. „ Човек се мери по тоа не каде ќе застане во миговите на удобност и сигурност, туку каде ќе застане во миговите на предизвик и несигурност.“
  16. Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.“
  17.  „На крајот ќе се присетиме не на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.“
  18. „Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш, само продолжи да се движиш напред.“
  19.  „Само во темно можете да ги видите ѕвездите.“
  20. „Ништо во светот не е поопасно од искреното незнаење и свесната глупост.“
  21. „Науката истражува, религијата интерпретира. Науката на човекот му дава знаење, коешто е моќ; религијата му дава мудрост, а тоа е контрола. Науката борави главно со факти; религијата борави главно со вредности. Тие две не се ривали.“
  22. „Човекот кој не е подготвен да умре за нешто не е подготвен за живот.“
  23. „Мора да живееме заедно како браќа, или ќе исчезнеме заедно како глупаци.“
  24. . „Темнината не може да ја истера нашата темнина: само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера нашата омраза: само љубовта може да го направи тоа.“
  25. „Решив да се држам до љубовта…Омразата е претежок товар за носење.“
  26. „Никогаш не заборавајте дека сѐ што Хитлер правел во Германија било законски.“
  27. „Мора да увидиме дека тоа што го бараме на крајот е општество кое е во мир со себеси, општество кое може да живее со својата совест.“
  28. „Човек се мери по тоа не каде ќе застане во миговите на удобност и сигурност, туку каде ќе застане во миговите на предизвик и несигурност.“
  29. „Секој може да биде голем…бидејќи секој може да служи. Не ви треба универзитетска диплома за да служите. Не мора вашиот подмет и прирок да се согласуваат за да служите. Се што ви треба е срце полно со милост. Душа создадена од љубов.“
  30. „Простувањето не е повремен чин, тоа е постојан став.“
  31. „Неправдата било каде е закана за правдата секаде.“
  32. „Мораме да се помириме со крајното разочарување, но никогаш да не ја загубиме бесконечната надеж.“
  33. „Ако некој човек работи како уличен чистач, тој би требало да ги чисти улиците како што Микеланџело сликал, или како што Бетовен компонирал или како што Шекспир пишувал поезија. Би требало да ги чисти улиците толку добро што дури и сите домаќини на небото и земјата ќе застанат и ќе кажат „Овде живеел одличен уличен чистач кој својата работа си ја вршел како што треба.“
  34. „Доаѓаат мигови кога молчењето е предавство.“
  35. „Доаѓа момент кога секој мора да заземе позиција која не е безбедна, ниту политичка, ниту пак популарна, но морало да ја направат само затоа што ја послушале својата совест.“

Прочитајте ги и овие мотивирациони цитати кои ќе ве охрабрат за остварување на соништата!

Similar Posts

2 thoughts on “35 мисли од Мартин Лутер Кинг кои ќе ве инспирираат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје