Рајнер Марија Рилке е еден од најголемите германски писатели и лиричари. Рилке извршил големо влијание врз германската публика уште на почетокот од своето творештво, со лирската проза „Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристоф Рилке“, поема за замислениот предок, напишана во текот на една есенска ноќ во 1899 година. Ова длабоко лирско дело е исполнето со огромно чувство на осаменост, болка, страдање и еротика која во себе го носи здивот на смртта. Најпознати дела на Рилке се: „Записките на Малте Лауридс Бриге“, „Нови песни“, „Песна за љубовта и за смртта на корнетот Кристофер Рилке“, „Девински елегии“ и „Сонети за Орфеј“.
Ја издвојуваме песната „Свечен час“ која се надеваме дека ќе ви се допадне.
Свечен Час
Оној што сега плаче некаде во светот
без причина плаче во светот
плаче за мене.
Оној што сега се смее некаде во ноќта
без причина се смее во ноќта
ми се смее мене.
Оној што сега оди некаде во светот
без причина оди во светот
кон мене иде.
Оној што сега умира некаде во светот
без причина умира во светот
ме гледа мене.
Препев: Душан Томовски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.