Занимливости и информации Литература

Сесила Леви ги претвори старите книги во прекрасни уметнички дела

Сесилија Леви пронајде нов начин на искористување на старите книги и стрипови. Наместо да ги фрли, оваа шведска уметница ги претвора во прекрасни уметнички дела од хартија.
Таа веќе работела како книговезец, но сега има поинаков пристап кон литературата со тоа што ги кине и повторно ги лепи парчињата хартија. Можеби звучи како осквернување за љубителите на книги, но кога ќе ги погледнете фотографиите подолу, сигурна сум дека ќе се согласите дека нејзината работа е всушност доказ за нејзината голема љубов кон книжевноста.

Таа прв пат започна да експериментира со предмети од хартија од 3Д во 2009 година. Оттогаш, таа создава најразлични предмети, односно чаши, чинии, садови, бокали, и секогаш е во потрага по стари книги за истите да ги трансформира, така што нивните приказни да може да продолжат да живеат во една нова и уникатна форма.
Повеќе информации за уметницата ќе најдете на линкот: cecilialevy.com (h/t: treehugger)

Во продолжение неколку прекрасни фотографии од нејзините дела:



Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје