Споделуваме прекрасна мелодична песна од францускиот поет Пол Верлен. Верлен, кој има капитална улога во француската и светската поезија дал голем придонес за слободата на стихот. Тој за време на својот живот бил прогласен за „принц на поетите“ во Франција, и оваа почесна титула ја носи и денес.
Се надеваме дека ќе уживате во оваа чиста и чувствителна музика преточена во песна.
Розете сите црвени ни беа
A бршлените црни, како мрак.
Мила, од секој твој гест и смеа
Сомнежите никнат во мене пак.
Сводот беше син и бистар,
Морето зелено, а ветрот тих.
Се плашам – од една мисла иста –
Дека еднаш ќе ми побегнеш ти.
О, смачено ми е мене веќе
Од сето зеленило и листен сјај,
И од видикот в бескрај што демне,
И од сѐ, но не од Тебе, знај!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.