На утро во селска мала црква
Сја молит на колена она,
Сос нема молитва и мртва
Хубавица и млада жена.
Жена ет, но ет младоженка
И за селски момак хубавец,
Она моминска дала вејка
И дала му момински венец.
И во дреха селска народна
Сја молит, сја крстит она
Сос дума проста и свободна,
С душа чиста, безгрешна жена.
У неја молитва ет прва
Од чисто срце и без злина,
Молитва не крива лукава
Не горда, пâлна сос правина.
Она там сја клањат, сја молит
И млада навеждат глава,
И смирно пред себе сја пулит
И неми уста и без слова.
Сја молит: во младост погрешки
Да немат ни в старост она:
С дни светли, не чрни, не тешки
Душа ѝ да ет опколена.
Да ет весела, жива, здрава
Да имат душевна тишина,
Работна на поле как мрава,
да ет и кротка без љутина.
Сја молит оште и за нешто,
Поклони си клават на земља…
Али чие срце ет вешто
Нека погодит – замâлкнувам ја.
Село С…
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.